Македонските езера и вина презентирани на саемот за туризам во Утрехт

Bez autora
Jan 14 2015

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во холандскиот град Утрехт, од 13-ти до 18-ти јануари. Саемот за туризам во Утрехт, „Vakantiebeurs“ е место за повеќе од 1.400 изложувачи од целиот свет и повеќе од сто илјади посетители за пет дена. Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го доближуваат туристичкиот производ од Македонија добро познат на холандските туристи, кои традиционално доаѓаат во посета на Охрид и околината за езерски, културен и вински туризам.

Македонските езера и вина презентирани на саемот за туризам во УтрехтАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам.

Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во холандскиот град Утрехт, од 13-ти до 18-ти јануари. Саемот за туризам во Утрехт, „Vakantiebeurs“ е место за повеќе од 1.400 изложувачи од целиот свет и повеќе од сто илјади посетители за пет дена.

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го доближуваат туристичкиот производ од Македонија добро познат на холандските туристи, кои традиционално доаѓаат во посета на Охрид и околината за езерски, културен и вински туризам.

Првиот ден на саемот кој е отворен за бизнис средби беа остварени контакти со туристички работници и професионалци, како и со новинари и медиуми заинтересирани за информативни патувања во Македонија. Македонскиот штанд беше посетен од амбасадорот на Македонија во Кралството Холандија, Игор Попов, и економскиот промотор, Ведат Рушид, со кој министерството има одлична соработка во промовирање на земјава на холандскиот туристички пазар.

„Од моментот кога обрнавме сериозно внимание на холандскиот пазар и настапивме со агресивна кампања и имаме квалитетно и редовно присуство на холандскиот пазар забележан е вкупен раст од над 550 отсто на туристи од Холандија, што е доказ дека мерката субвенционирање на туризмот како и инвестирањето во маркетинг се исплатливи за Македонија. Ние очекуваме овој тренд на пораст на туристи да продолжи не само од Холандија туку и од други држави од Европа и светот”, рече Кристијан Џамбазовски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Македонскиот штанд беше посетен од продукт менаџерот на холандскиот тур оператор „Corendon“, Мелик Јетим кој изрази големо задоволство од поддршката и одличната соработка со Владата на Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Имено, за земјите од Бенелукс, македонската влада, преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за организиран странски туристички промет во земјава дава субвенции во висина од 65 евра по турист.

Операторот „Corendon“, како што посочи Јетим, бележи зголемување на аранжманите и за претстојнава летна сезона со подигнување на чартери до Охрид почнувајќи од месец мај до средината на септември. Во 2014 година имавме зголемување на бројот на туристи од земјите на Бенелукс кој изнесуваше околу 30 илјади туристи и повеќе од 110 илјади ноќевања.

Во јануари и средината на февруари Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот активно и континуирано ќе ја промовира Македонија како достапна и атрактивна туристичка дестинација на саемите за туризам во Финска, Турција и Белгија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik